Охрид, 27. април 2023 (ИНПРЕС) – Прекин во водоснабдувањето во делови од градот.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата „Христо Узунов“. Поради поправка на уличен шибер со профил ф2, од 10:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Коста Абраш”, „Цар Самоил“, „Самоилова“ , „Петар Чауле“ и дел од „Илинденска”, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







