Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Продолжува да се намалува езерското ниво, денес е на кота од 693,18 м.н.в

Продолжува да се намалува езерското ниво, денес е на кота од 693,18 м.н.в

Продолжува да се намалува езерското ниво, денес е на кота од 693,18 м.н.в

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму се намалува нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,18 м.н.в, што е за 13 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в), само еден над природната кота (693,17 м.н.в), односно 8 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в).

Во приобалниот дел на неколку места се позабележливи се суви делови. Трендот на пад на нивото продолжува. За една недела водостојот е намален за четири сантиметри.

Во Охрид денес наутро студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Денеска и утре времето ќе биде стабилно и сончево со студени утра. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд. Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

Post navigation

Previous Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на старите лица
Next Охриѓанката Јанка Каневчева, жената околу која и ден-денес се градат митови, а легендите стануваат стварност

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.