Струга, 2. март 2026 (ИНПРЕС) – На само 30 метри од резервоарите за вода пронајдена дива депонија со големи количини градежен и комунален отпад, беше истакнато во извештајот на експертите кои ја оценија фактичката состојба на изворот во Шум.
Според нив депонијата создавана со години, претставувала ризик од бактериолошко и хемиско загадување на подземните води.
– По наредба на градоначалникот Менди Ќyра, беше преземена итна интервенција за расчистување на просторот, со цел заштита на водните извори и јавното здравје. Општината останува посветена на заштитата на животната средина, управувањето со отпадот и зачувувањето на водните ресурси и ќе продолжи со конкретни мерки за спречување на вакви случаи во иднина, информираат од Општина Струга.
Полни три недели стружани се соочуваат со забрана за употреба на водата за пиење, а истата и понатаму е на сила. Надлежните велат секојдневно се вршат анализи на примероци од вода од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
