Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Пречистителната станица за отпадни води во Вевчани доби фотоволтаици за заштеда на енергија

Пречистителната станица за отпадни води во Вевчани доби фотоволтаици за заштеда на енергија

1 min read
Пречистителната станица за отпадни води во Вевчани доби фотоволтаици за заштеда на енергија

Вевчани пречистителна станица фотоволтаици

Вевчани, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија преку инсталација на фотоволтаичен систем на пречистителната станица за отпадни води.

Овој проект има повеќекратна корист за локалното население затоа што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина. Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен Балкан кои реализираа иницијативи за енергетика, транспорт и климатски промени во рамки на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“.

Фотоволтаичната централа е со инсталирана моќност од 19,8 киловати и се очекува на годишно ниво да произведува помеѓу 20 и 25 MWh електрична енергија. Од аспект на заштита на животната средина, проектот ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата.

Проектот обезбедува техничка поддршка, зголемување на капацитетите, можности за вмрежување и поддршка на мали проекти во насока на развој, имплементација и мониторинг на Планот за одржлива енергија и климатска акција (SECAP). Во проектот, покрај Вевчани, од земјава е вклучена и Општина Кочани во која се реализираше проект за „паметно“ улично осветлување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Боеви куршуми и формациски пиротехнички средства пронајдени во домот на стружанец
Next Миа Танеска втора година по ред доминира на Таеквон-до ИТФ натпреварот „Плевен Опен“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.