Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

1 min read
Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Охрид, 3. јуни 2026 (ИНПРЕС) – По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 57 со назнака: За конкурсот за расказ. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, а краен рок за доставување на трудовите е 6-ти јули, инфомрираат од Општина Охрид.

Додаваат дека жири-комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 31-ви јули.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година во месец август се одржува во неговото родно село Велгошти. Доставените трудови не се враќаат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
Next Вечерва годишен концерт на ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.