Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Расфрлани лименки, пластични и стаклени шишиња, остатоци од храна…секоја година иста слика

Расфрлани лименки, пластични и стаклени шишиња, остатоци од храна…секоја година иста слика

1 min read
Расфрлани лименки, пластични и стаклени шишиња, остатоци од храна…секоја година иста слика

Охрид, 3. август 2023 (ИНПРЕС) – Расфрлани лименки, пластични и стаклени шишиња, остатоци од храна во градскиот парк, центарот на градот, но и во езерото, ваква е сликата овие денови низ Охрид во доцните вечерни часови и наутро.

Екипи на охридското комунално претпријатие постојано се на терен и го собираат ѓубрето, но за жал ваквите слики се повторуваат секоја година и излегува онаа позната реченица, не можете толку да исчистите колку што можеме да изгнасиме.

– Продолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини-кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на Амамот, градскиот парк и други локации. Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење. Се одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти, информираат од „Охридски комуналец“.

Колку и службите да чистат, сепак нивото на хигиена најмногу зависи од нашата и свеста и културата на самите посетители. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“

Post navigation

Previous Културниот бран и оваа година ќе го заплисне Пештани
Next Утревечер во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.