Охрид, 6. aприл 2026 (ИНПРЕС) – Како резултат на несовесно однесување на поединци, мапирани три диви депонии во село Трпејца, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.
– Екипите при ЈП „Охридски Комуналец” интервенираа во расчистување на локациите каде континуирано се депонира непотребен кабаст отпад од домаќинства, градежен и зелен отпад. Ангажирани беа повеќе дежурни екипи и специјална механизација за расчистување на локациите и транспорт на отпадот. Подигнати се 20 м³ отпад. Секое нелегално фрлање отпад надвор од предвидените наменски локации за депонирање отпад претставува кршење на Законот за јавна чистота и дирекно ја загрозува животната средина, соопштија од претпријатието.
Ваквите случаи не се ништо ново. Неодамна жители на Трпејца до редакцијата на OhridPress упатија допис со апел до надлежните за решавање на овој проблем, а покрај проблемот со отпадот, посочија и на искршените клупи, неуредени и неискосени тревници и неисправно улично осветлување. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
