Охрид, 17. јули 2024 (ИНПРЕС) – Денеска од 17:00 часот на стадионот „Билјанини извори“ македонскиот фудбалски шампион, тимот на „Струга Трим и Лум“ ќе го одигра реванш натпреварот против екипата на „Слован Братислава“ од Словачка во рамки на првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал.
На првиот квалификациски натпревар што се одигра во Братислава, тимот на „Струга Трим и Лум“ изгуби со 4:2. Двата гола ги постигна Бесарт Ибраими. Тренерот Ќатип Османи на прес конференцијата по натпреварот изјави дека поразот не е вистински одраз на она што се случувало на теренот и потенцира дека резултатот не е недостижен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива