Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ и Роза Костеска од градинката „Јасна Ристеска“ добија признанија за најдобри наставници во државата

Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ и Роза Костеска од градинката „Јасна Ристеска“ добија признанија за најдобри наставници во државата

1 min read
Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ и Роза Костеска од градинката „Јасна Ристеска“ добија признанија за најдобри наставници во државата

Роза Костеска од градинката „Јасна Ристеска“ и Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ добија признанија за најдобри наставници во државата

Скопје/Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на учителот, денеска беа доделени признанија на најдобрите наставници во предучилишното, основното и средното образование во претходната учебна година, во организација на Сојузот на просветни работници.

Признанијата во предучилишно образование ги добија Роза Костеска од детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид и Татјана Михајловска од детската градина „Раде Јовчевски- Корчагин“ во Скопје.

Најдобри одделенски наставници се Станче Штерјовска од ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово и Виолета Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид.

Во предметната настава, признанието го добија наставничката по музичко образование Ана Цунева од ООМУ „Боро Џони“ во Струмица и наставничката по биологија Олгица Бајалџиева од ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје.

Најдобар наставник во средно образование е Наташа Божиновска од СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје, додека пак, најдобри наставници од заедниците се прогласени Хатиџе Топали од ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ и Валентина Каранфиловиќ од СОУ „Гоце Делчев“ во Куманово.

Честитајќи им на наградените, министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека учителите, наставниците, професорите се оние на кои им ги доверуваме нашите најмили за да ги научат да бидат добри, чесни и вредни, да им ги отворат вратите на знаењата и науката и да ги подготват за времето што доаѓа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МОН

Post navigation

Previous Младите охридски шахисти се натпреваруваа на Младинскиот турнир „Ласкер 2024“
Next УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 24. степени

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.