Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Седум медали за таекводистите на МТТФ на „Софија опен“, Елена Јанеска најдобра јуниорка на турнирот

Седум медали за таекводистите на МТТФ на „Софија опен“, Елена Јанеска најдобра јуниорка на турнирот

1 min read

Охрид, 6. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална таеквондо федерација се врати со седум медали и Пехар за најдобра јуниорка од еден од најсилните и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона, Меѓународниот таеквондо ИТФ А класа натпревар „Софија Опен 2023“, во соседна Бугарија.

МТТФ учествуваше со две официјални лица и шест натпреварувачи кои се натпреваруваа во 2 дисциплини , форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.

Натпреварувачите беа од клубовите „Сонкал“ Мислешево, Струга, „Мастер“ Охрид и ХВА РАНГ ИТФ Лескоец, Охрид.

Присуството на еден ваков врвен натпревар не може да се опише, секој натпреварувач се бори за место во својата репрезентација и го дава својот максимум, вели првиот човек на федерацијата Марјанчо Лазаревски.

– Нашите теквондисти повторно направија да се гордееме со нив, освојувајќи 7 медали, од кои 1 златен, 2 сребрени , 4 бронзени и пехар за најдобра јуниорка 16-17 години за Елена Јанеска. За клубот „Сонкал“ се натпреваруваше нивниот тренер Давид Крстески , освојувајќи два бронзени медали. За „Мастер“ се натпреваруваа двајца натпреварувачи Владимир Димитриевиќ и Теодора Митреска освојувајќи еден сребрен медал. За ХВА РАНГ ИТФ се натпреваруваа Елена Јанеска, Христијана Парулеска и Климент Богоески, освојувајќи 1 златен, 2 сребрени,1 бронзен и пехар за Елена Јанеска за најдобар поединец. За вакви спортисти вреди, треба и мора да се бориме, да им овозможиме да се искачат на светскиот пиедестал. Голема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, вели Лазаревски.

Тој, за 24-ти јуни го најави Меѓународниот таеквон-до ИТФ натпревар „Охрид Опен 2023″, во организација на таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид, што ќе се одржи во СРЦ „Билјанини извори“. Подготовките се во тек, а веќе се најавени учесници, од БиХ, Србија, Чешка, Албанија, Грција и Бугарија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците на ул. „Дејан Војвода“,„Стив Наумов“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“ и дел од Бул.Туристичка
Next Ралева Најдевска: Преку апликацијата TrashPinger секој од нас може да пријави дива депонија и да помогне во отстранување на отпадот низ градот

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.