Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Се зборува на Facebook: Становите повторно поскапеа, не стивнува побарувачката, Охрид меѓу најатрактивните градови

Се зборува на Facebook: Становите повторно поскапеа, не стивнува побарувачката, Охрид меѓу најатрактивните градови

1 min read
Се зборува на Facebook: Становите повторно поскапеа, не стивнува побарувачката, Охрид меѓу најатрактивните градови

Се зборува на Facebook на OhridPress

Охрид, 8. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека становите повторно поскапеа, не стивнува побарувачката и дека Охрид останува меѓу најатрактивните градови е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Во првиот квартал цените се зголемија за само 4,6 проценти, но од вториот квартал повторно има голем раст на цените на недвижнините. Овој тренд на значително поскапување на имотите започна со четвртиот квартал во 2021 година, и продолжи низ цела 2022 година, односно во втората половина на 2022 кога становите поскапеа најмногу. Побарувачката на станови посебно во централните градски населби во Скопје, но и во останатите поголеми градови во Македонија како Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица не стивнува и според познавачите на градежниот сектор, цените ќе останат вакви какви што се, со евентуална можност да бидат стабилизирани на ова ниво во текот на цела 2025 година.

Читателите на OhridPress во коментарите посочуваат дека исклучително високите цени по метар квадратен и наводната постојана побарувачка на станови може да се објасни со перење на огромни пари со овој сектор. Како можно решение на проблемот се посочува подигнување на дел од даноците, а во еден од коментарите и сосема оправдано се констатира дека „вака се уништува туризмот во Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Здравје: Сакате да го подобрите здравјето на мозокот? Почнете да јадете од ова овошје и зеленчук
Next Katy Perry го објави шестиот студиски албум „143“

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.