Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се подготвува проект за уредување на малото пристаништето пред хотел „Палас“ и Градското пристаниште

Се подготвува проект за уредување на малото пристаништето пред хотел „Палас“ и Градското пристаниште

1 min read
Се подготвува проект за уредување на малото пристаништето пред хотел „Палас“ и Градското пристаниште

Охрид, 3. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Работиме на проект за ново уредување на Градскиот кеј со двете пристаништа, пристаништето пред хотел „Палас“ и Градското пристаниште, изјави за време на вчерашната посета на Охрид , вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– Последен пат интервенции на Градскиот кеј се правени во 90-те години, што значи дека преку 30 години ништо не е чепнато. Општината во моментов работи проектирање. Од наша страна ние работиме во делот на пристаништата и очекувам заеднички да подготвиме еден проект кој што ќе значи целосно партнерно уредување на кејот од една страна, од друга страна ставање во функција на пристаништата пред хотел Палас во дел на полесни помали пловни објекти, додека старото градско пристаниште треба да добие комплетно нов лик со цел тука да се укотвуваат поголеми пловила. За тоа разговаравме во Париз, кога бевме во посета на УНЕСКО, четири министри и двајца градоначалници. Можам со задоволство да кажам дека има расположение кај нив заеднички да работиме и сите стандарди на УНЕСКО да бидат постигнати со цел од една страна да се задржи статусот и да се унапреди, а од друга страна да имаме модерен кеј и да имаме функционални пристаништа, порача вицепремиерот Николоски.

Веќе подолг период наназад е исклучително лоша состојбата во која се наоѓа малото пристаниште, некогашата вистинска препознатливост на Охрид, а претставува и потенцијална опасност за граѓаните и гостите.

Островчето е запишано во аналите и колективната историја на градот Охрид. Токму затоа, како редакција, уште во 2020 година, изработивме комплетен проект и предлог за негова санација. Супер радио и OhridPress распишаа Конкурс на кој се пријавија бројни млади архитекти со нивни предлози за тоа како треба да изгледа ова место.

Истите ги отстапивме бесплатно на тогашната охридска локална самоуправа, а снимивме и документарен филм „Да го вратиме сјајот на охридското Островче“, во кој за тоа какво било, какво е, но и какво сакаме да биде во иднина разговаравме со историчарот доц. д-р Никола Митровиќ- Бабе, Кире Чорбе, дипл. градежен инженер во пензија, проф. д-р Павле Митрески, екологистот Ѓоко Зороски, Горан Устијаноски, капетан на Капетанијата на македонските пристаништа, но и бројни граѓани, кои се сеќаваат на „Островчето“ од нивната младост.

Во емисијата која има и своја англиска верзија, се користени стари фотографии кои ја раскажуваат приказната за едно убаво време, длабоко врежано во спомените на охриѓани. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ОхридПрес видео: Супер радио

Post navigation

Previous Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
Next Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.