Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се разгледуваат мерки и студии за воспоставување заеднички Систем за управување со информации меѓу земјите во Дримскиот басен

Се разгледуваат мерки и студии за воспоставување заеднички Систем за управување со информации меѓу земјите во Дримскиот басен

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 20. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во рамки на Дримскиот процес, денеска во Тирана, работната група за Мониторинг и размена на информации, составена од официјални преставници на 5-те држави од Дримскиот басен, почна со разгледување и усвојување на сет мерки и студии за воспоставување на заеднички Систем за управување со информации (Information Management System- IMS) .

Овој систем треба да овозможи државите во Дримскиот басен да разменуваат податоци во прифатлива архитектура и рамка.

– Влегуваме во фаза на донесување на одлуки и препораки. Размената на податоци помеѓу државите е круцијален дел од управувањето со целиот Дримски Басен и езерата и од носењето на одлуките. Ние ги подготвивме студиите и сега преставниците на државите треба да препорачаат кои податоци ќе се разменуваат, на каква платформа и во каков формат. Да се обезбеди размената на податоци меѓу 5 држави е исклучително комплициран процес, но без тоа нема ни заштита, ни менаџирање на водните ресурси, потенцира Дејан Пановски, координатор во тимот за Дримскиот процес.

drimskibasen_640x360

Дримскиот процес е поддржан од ГЕФ Дримски Проект во чии рамки досега се изготвени тематски студии за институционалната поставеност, за биодиверзитет, за социоекономија, загадување и за хидрологија на Дримскиот басен. Сето тоа ќе биде основа за изработката на Прекуграничната дијагностичка анализа на басенот и Стратешкиот акционен план. Во истите рамки отпочнати се и низа проекти меѓу кои е и изработката на Планот за управување со интегралниот слив на Охридско езеро. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Општинска делегација во посета на Александровац по повод празникот на градот
Next Убавините на Охрид ќе се презентираат на Саемот за туризам во Белград

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.