Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Собир во Охрид за поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за поставување на знамето „Сонцето од Кутлеш“

Собир во Охрид за поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за поставување на знамето „Сонцето од Кутлеш“

1 min read
Собир во Охрид за поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за поставување на знамето „Сонцето од Кутлеш“

Охрид, 4. јули 2023 (ИНПРЕС) – Под слоганот „Денес над Македонија се раѓа ново Сонце!“, денеска напладне, граѓани на Охрид, пред Основниот суд, ќе му дадат организирана поддршка на адвокатот Тони Менкиноски, против кого е во тек процес за поставувањето на знамето „Сонцето од Кутлеш“ на 27-ми април во Охрид.

Претходно, на 16-ти овој месец беше одложено судењето во Основниот Суд во Охрид поради непојавување во Судот на пријавителите од полицијата.

May be an image of text

Адвокатот е обвинет дека го прекршил јавниот ред и мир кога на Водици во Охрид и кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април.

Менкиноски вели дека никој не може да го спречи Македонците да го развејат „Сонцето од Кутлеш“, затоа што тоа е дел од нашиот идентитет.

Тој сам се прјавил во охридската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето и ја презел целата одговорност за настанот. Тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, затоа што од него никој не бил вознемирен.

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Свети маченик Јулијан Тарсиски
Next У Охрид може да се летува и вака… (Фото)

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.