Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Спасовски: Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните во недела во Охрид

Спасовски: Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните во недела во Охрид

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје/Охрид, 5. мај 2023 (ИНПРЕС) – Денот на полицијата, 7-ми Мај го одбележуваме заеднички со граѓаните, во недела во Охрид, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Свечената прослава на празникот ќе се одржи во Охрид на сцената на Долни Сарај со почеток од 18:00 часот.

– Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните, согласно нашето мото – Полицијата во служба на граѓаните – кое последниве неколку години со засилена динамика го преточуваме во практика, па овојпат ја имаме честа да бидеме меѓу охриѓани, како наши домаќини. И, второ, сѐ повеќе гости од наши пријателски и партнерски земји ни укажуваат чест на овој ден, па таа меѓународна димензија на овој настан уште повеќе ја нагласува свеченоста на Денот на нашата полиција, изјави Спасовски.

Нема достапен опис

На гостувањето на МРТ, Спасовски истакна дека оваа година 7-ми Мај е дополнително значаен бидејќи Република Македонија и Министерството за внатрешни работи се домаќини и на јубилејната 50-та Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, што се совпаѓа со уште еден јубилеј, 30-годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство.

Од 8-ми до 10-ти мај во Охрид ќе присуствуваат 123 високи делегати, со присуство на претседателот, генералниот секретар и извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ, министри, директори на полиции и други високи гости. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Струга подготвена за Ѓурѓовденската литија што ќе се одржи в недела по 14-ти пат
Next МТСП: Исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1.203 денари, ќе продолжи да се исплаќа од месец октомври

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.