Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Струга подготвена за Ѓурѓовденската литија што ќе се одржи в недела по 14-ти пат

Струга подготвена за Ѓурѓовденската литија што ќе се одржи в недела по 14-ти пат

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Струга, 5. мај 2023 (ИНПРЕС) – Моштите на свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона и годинава на 7-ми мај, на вториот ден од празникот Ѓурѓовден ќе ја благословат Струга, со што продолжува црковната манифестацијата што традиционално се одржува секоја година.

Во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, претходно ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, по која ќе следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба, сѐ до започнувањето на Еордијата.

Струшкиот градоначалник деновиве одржа средба со претставници на Македонската православна црква од црквата Св.Ѓорѓија и претставници на Полициската станица во Струга.

– Во Струга владее многу пријатна атмосфера, како никогаш досега, бидејќи нашите граѓани не прават никакви етнички или верски разлики меѓу себе, нема никакви проблеми и се надеваме дека ќе биде вака, изјави градоначалникот на Рамис Мерко.

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе студираат и маса

– Оваа традиционална прослава на православните верници од Струга секоја година станува сé поголема и поатрактивна, затоа сме среќни и се молиме оваа црковна церемонија и оваа година да нé најде сите добро, рече свештеникот од црквата Св.Ѓорѓија во Струга.

– Полициската станица од Струга презема активности за што подобро одвивање на оваа верска манифестација, пред сé, за регулирање на патниот сообраќај, како за возилата, така и за пешаците, преку посебен режим во патниот сообраќај на некои од главните улиците во градот. Секако тука спаѓа и обезбедувањето јавен ред и мир, потенцираше командирот на полициската станица од Струга.

Литијата ќе се одржи од 16:00 до 19:00 часот.

Станува збор за древна струшка литија, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј од манастирот во Рајчица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Стендап претставата ,,Влези не се соблакај” одложена, ќе се игра на 19-ти мај
Next Спасовски: Денот на полицијата го одбележуваме заеднички со граѓаните во недела во Охрид

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.