Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Спортски ден во Велгошти по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

Спортски ден во Велгошти по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

1 min read

Охрид, 21. Февруари 2023 (ИНПРЕС) – ООУ„Живко Чинго“ од Велгошти во соработка со Сојузот за училишен спорт, Охрид организира „Спортски ден“ за учениците во основните училишта во Општина Охрид по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров.

Натпреварите ќе се одиграат на 3-ти март со почеток од 09:00 часот во училишната спортска сала во Велгошти која го носи името на македонскиот револуционер.

Натпревари ќе се одиграат во следниве дисциплини:
– Фудбал за ученици од шесто и седмо одделение (максимум 12 играчи);
– Баскет за ученици од осмо и девето одделение (3+1, машки и женски);
– Шах за ученици од прво до девето одделение ( 2 машки, 2 женски);
– Пинг понг за ученици од шесто до девето одделение (2 машки, 2 женски).

Натпреварите се бодуваат во рамките на училишните спортски лиги при Сојуз на училишен спорт Охрид. Предвидени се следните награди:
– Фудбал: Пехар за освоено 1-во, 2-ро, 3-то место;
– Баскет: 3 пехари во машка и 3 пехари за женска конкуренција;
– Шах: 3 медели во машка и 3 медали во женска конкуренција;
– Пинг понг: 3 медали во машка и 3 медали во женска конкуренција. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Бислимоски: Од 1-ви јули може да се врати дневната евтина струја – сега во тоа време струјата е поевтина поради фотоволтаиците
Next Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе се одбележи денес во Младински Центар Охрид

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.