Белград/Скопје, 28. мај 2015 (ИНПРЕС) – Светиот Архиерејски Сабор на СПЦ на денешната седница начелно одобри продолжување на дијалогот со т.н. МПЦ-како што стои во соопштението, со цел изнаоѓање на канонско прифатливо решение за статусот на МПЦ-ОА.
Почетокот на дијалогот српската црква го услови. Таквите разговори ќе се случат и ќе бидат позитивни, наведуваат во српскиот синод, под услов да се прекине прогонот против Вранишковски, како и да се отстапи од нови судски процеси против членовите на неговата Православна Охридска Архиепископија (ПОА).
Како дел од одлуката е и предлогот за формирање на нова комисија на Светиот Архиерејски Сабор за дијалог со МПЦ, на чие чело ќе биде црногорско-приморскиот Митрополит Амфилохије, со бачкиот Епископ Иринеј-инаку предводници на т.н. тврда струја во српската црква. Во комисијата се и захумско-херцеговскиот Епископ Григорије и Давид- стобскиот Епископ на црквата на Вранишковски.
Во соопштението не се наведува можноста од посредување на Руската православна црква во дијалогот-како што претходно се навестуваше. Како што дознава МТВ во Белград од кругови блиски до патријархот Иринеј, Руската православна црква засега би можела да биде само гарант за евентуалниот договор меѓу српската и македонската црква.
Вранишковски, кого овдека го сметаат за српски Архиепископ, е во Белград и активно учествува во сите одлуки на Светиот Архиерејски Сабор на СПЦ, како највисоко црковно тело застапено од сите епикопи. (Крај)
извор: МТВ фото: архива
