August 23, 2015

Белград, 23. август 2015 (ИНПРЕС) – Рано утрово, српската погранична полиција дозволи да влезат во земјата неколку илјади бегалци, кои пристигнаа од Република Македонија.

Во приемниот центар во Прешево, во југоисточниот дел на земјата, пристигнале околу 2.000 лица. Сите тие пристигнуваат со автобуси кои поаѓаат од Гевгелија.

Според српската државна телевизија, бранот бегалци не запира и во моментов владее вистински хаос во приемниот центар во Прешево. Меѓу бегалците има многу жени и деца кои се видно исцрпени. Вработените во центарот работеле цела ноќ и им ги издавале потребните документи на имигрантите, по што тие заминувале во правец на Белград.

Денес се очекува српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ да ја посети пограничната зона. Возот од Гевгелија, кој тргна во 04:30 часот утрово уште не пристигнал на граничниот премин „Табановце“. (Крај)

извор: РТС фото: архива