Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Србија дозволи влез на 5.000 бегалци

Србија дозволи влез на 5.000 бегалци

Белград, 23. август 2015 (ИНПРЕС) – Рано утрово, српската погранична полиција дозволи да влезат во земјата неколку илјади бегалци, кои пристигнаа од Република Македонија.

Во приемниот центар во Прешево, во југоисточниот дел на земјата, пристигнале околу 2.000 лица. Сите тие пристигнуваат со автобуси кои поаѓаат од Гевгелија.

Според српската државна телевизија, бранот бегалци не запира и во моментов владее вистински хаос во приемниот центар во Прешево. Меѓу бегалците има многу жени и деца кои се видно исцрпени. Вработените во центарот работеле цела ноќ и им ги издавале потребните документи на имигрантите, по што тие заминувале во правец на Белград.

Денес се очекува српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ да ја посети пограничната зона. Возот од Гевгелија, кој тргна во 04:30 часот утрово уште не пристигнал на граничниот премин „Табановце“. (Крај)

извор: РТС фото: архива

Post navigation

Previous Курц: Бегалците да останат поблиску до нивните земји
Next Грчкиот претседател побара самит на ЕУ за кризата со мигрантите

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.