July 10, 2023

Вилнус, 10. јули 2023 (ИНПРЕС) – Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум отпатува за Вилнус каде утре со почеток од 18:00 часот ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Жалгирис од Литванија.

Во изминатиот период играчите на тренерот Шпетим Дуро ја темпираа формата преку тренинзи и пријателски мечеви за првиот европски предизвик летово.

Во контролните мечеви ремизираа со косовскиот Балкани (2:2), потоа загубија минимално од албанскиот Партизани (1:0) и претрпе пораз од албанската Тирана (1:2).

Доколку нашиот претставник успее да го елиминира литванскиот тим, во второт квалификациско коло на ЛШ ќе игра против турската екипа на Галатасарај.

Потсетување дека реваншот помеѓу Струга Трим Лум и Жалгирис ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид на 18-ти јули од 17:00 часот. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива