Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 8. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Училиштата во многу општини околу грчката престолнина Атина денеска нема да ги отворат вратите поради сиклучително ниските температури.
Од истите причини, многу училишта се затворени и во Северна Грција. Властите предупредуваат дека поради големата голомразица, автомобилите треба да се движат со синџири на тркалата.
Екстремен студ го „окова“ и медитеранскиот остров Кипар. Температурите денеска се очекува да се спуштат уште повеќе, а синоптичарите предупредуваат дека студот ќе продолжи и во текот на наредните два дена. Поради лошото време и големата снежна покривка, многу области буквално се отцепени од светот. Десетици патишта се затворени, а училиштата не работат. Во Никозија вчера беше измерена снежна покривка од 20 см. (Крај)
извор: АФП фото: АП
