Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Суспендирана почесна француска конзулка во Турција поради трговија со мигрантите

Суспендирана почесна француска конзулка во Турција поради трговија со мигрантите


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Париз, 12.септември 2015 (ИНПРЕС) – Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус ја суспендира почесната конзулка на Франција во Турција Франсоаз Олчај, инаку сопственичка на продавница за опрема за пловење, која истата им ја продавала на бегалците, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Репортажата на француската телевизја Франс2, снимена со скриена камера, ја покажа сопственичката на продавницата и истовремено француска почесна конзулка, како во својата продавница во Бодрум, над која се вее француското знаме и има плоча на која пишува „Конзуларна агенција на Франција“, како им продава гумени чамци и елеци за спасувања на мигрантите и бегалците кои сакаат да заминат за грчките острови.

Во репортажата таа признава дека таа е вклучена во трговија со мигрантите, и не само таа, туку и турските власти. Запрашана зошто не прекинува со оваа практика, таа одговара дека ако таа прекине, други ќе го продолжат истото.

Таа е на оваа функција од октомври 2014 година. Градот Бодрум е истото место на чија плажа беше пронајдено тригодишното сириско дете, чија трагична судбина го потресе светот.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Црногорски владика и удрил шлаканица на постара жена
Next Вучиќ: Албанците да не си играат со оган

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце
1 min read

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.