Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ТАВ Македонија: Croatia Airlines ќе воведе сезонска авиолинија Скопје-Сплит од 12-ти мај годинава

ТАВ Македонија: Croatia Airlines ќе воведе сезонска авиолинија Скопје-Сплит од 12-ти мај годинава

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 10. март 2023 (ИНПРЕС) – Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје–Сплит, од 12-ти мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит.

Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12-ти мај до 14-ти октомври 2023 година.

Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „TAV Airports membe Groupe ADP лето 2023 CKOпJE сплит среда исабота плит-скопе -CKOпJE cekoj вторникипеток од Maj октомври одлична поврзаност до/од загреб контакт: мегународен аеродрон Teл 3892 3296969, +3892 2520921 CROATIA AIRLINES A STAR ALLIANGE MEMBER 安“

Авионските карти се веќе во продажба и може да се резервираат на веб-страницата на авиокомпанијата, која ќе понуди 15% попуст од 15-ти до 21-ви март и за билетите во една насока и за повратните билети.

Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на Croatia Airlines, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на Croatia Airlines (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на Croatia Airlines на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост.

Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде поврзан. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје–Загреб секој ден. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денеска се очекува одлука за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи
Next Ковачевски: Тестенините поевтинуваат за 15, а млечните производи за 10 проценти

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.