May 4, 2016

Сараево, 4. мај 2016 (ИНПРЕС) – Сараево од 19 до 22 мај оваа година по деветти пат ќе биде домаќин на интернационалниот фестивал за архитектура “Dani Arhitekture”.

Оваа година темата на фестивалот е под мотото „Архитектурата пред инвестициите“ (Architecture beyond investment), за која ќе говорат истакнати архитекти од регионот и Европа меѓу кои и Idis Turato од Хрватска, групацијата Njiric+arhitekti од Хрватска, ERIKSEN SKAJAA – Норвешка, Никола Узуновски од Македонија, Nerma Linsberger од Австрија, архитектите на KontraStudio – Србија , студиото Soma- Австија, A69-Чешка и многу други. Фестивалот покрај предавањата и конференциите нуди и пропратна богата програма со изложби, перформанси, видео мапирање, филмски проекции и презенатации на студентски трудови.

Тимот на “Dani Arhitekture” ги повикува студентите по архитектура од Македонија да земат учество на отворените конкурси за изложбата DAInsta exhibition и Pecha Kucha.

Имено, “Dani arhitekture” започнаа во 2008 година како студентска иницијатива која во текот на годините се разви во еден од најважните, како архитектонски така и културен настан во Босна и Херцеговина. Во претходните осум изданија, фестивалот беше домаќин на повеќе од 50 говорници од 20 земји и организатор на бројни изложби и филмски проекции. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива