Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Традиционален Велигденски базар денес во Охрид

Традиционален Велигденски базар денес во Охрид

Традиционален Велигденски базар денес во Охрид

Охрид, 9. април 2026 (ИНПРЕС) – По повод големиот христијански празник, Воскресение Господово – Велигден, денеска од 11:00 часот, на плоштад „Вангел Наумоски” (Мини маркет) ќе се одржи традиционалниот Велигденски базар, што ќе има хуманитарен карактер.

Ќе бидат поставени изложбени штандови на основните и средните училишта, градинката „Јасна Ристеска”, Младинскиот центар Охрид, ОО Црвен крст – Охрид, занаетчии, ракотворци, како и производители на традиционална храна и пијалоци. Пред посетителите  ќе бидат презентирани велигденски изработки, креативни  ракотворби, ученички творби и хуманитарни активности.

Предвидена е и богата културно – уметничка програма со настапи на  децата згрижени во детската  градинка , основните училишта, како и фолклорни ансамбли и културно – уметнички друштва од Охрид.

Дел од  собраните средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, како симбол на солидарност, љубов и грижа за заедницата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекинат јавниот повик за субвенционирање на клима уреди и за домаќинствата
Next Од утре започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.