Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Тирана, 6. април 2023 (ИНПРЕС) – Туристичките потенцијали на охридско – струшкиот регион како и новите концепти на туристичка понуда во државава се претставуваат на Интернационалниот саем за туризам Expo tourism во Тирана, Албанија.

– Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби. Учесниците од различни земји го прикажуваат својот туристички потенцијал во различни категории, како што се: дестинации, сместување, агенции, поморски туризам, планински туризам, гастрономија итн, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
