Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Убавините и туристичките потенцијали на Охрид и Македонија на „Holiday & Spa Expo“ во Бугарија (Фото)

Убавините и туристичките потенцијали на Охрид и Македонија на „Holiday & Spa Expo“ во Бугарија (Фото)

1 min read

Софија/Охрид, 13. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Туристичките и угостителските потенцијали на Охрид и Македонија се претставуваат на 37-от саем за туризам „Holiday & Spa Expo“ што од денес до сабота ќе се одржува во Софија, Бугарија.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со рекорден број на туроператори, хотелиери и претставници на општини учествува на еден од најголемите туристички настани на Балканот, во друштво на повеќе од 350 изложувачи.

Првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови.

Преку прилагодена туристичка понуда традиционално македонското туристичко стопанство ги презентира туристичките капацитети кои ги има Македонија. Истата е насочена кон, богата култура, манастирски туризам, гастрономија, убавините на Охрид и можностите за селективни, алтернативни форми на туризмот, а се во интерес на бугарскиот туристички пазар.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика бугарите биле најчестите гости кои во декември 2019 година престојувале во нашата држава, а бугарските туристи беа најбројни во Охрид за дочекот на Новата 2020-та година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Денес ќе се одржи седмата Дримска Конференција во Тирана
Next Убавините на Охрид и Македонија презентирани на Белградскиот саем на туризмот

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.