Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид

Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид

1 min read
Укината е забраната за пиење на водата од четири артериски чешми во Охрид

Охрид, 3. април 2026 (ИНПРЕС) – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја укина забраната за пиење вода од четири артериски чешми во Охрид, лоцирани на булевар „Туристичка“, во дворот на ОУ „Григор Прличев“,во населба Воска и чешмата во градскиот пазар (до месарницата).

Ова е одлучено врз основа на резултатите од повторените лабораториски тестирања, извршени од Центарот за јавно здравје Охрид, со кои е потврдено дека примероците ги задоволуваат физичко-хемиските и микробиолошките критериуми за безбедност.

На 24-ти март беше донесена забраната за пиење на водата од овие чешми по извршениот инспекциски надзор и констатирана микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.

Најновите резултати потврдуваат дека водата повторно е безбедна за пиење. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се подготвува проект за уредување на малото пристаништето пред хотел „Палас“ и Градското пристаниште
Next Хуманитарен интеркултурен настан „Сите осудуваме, ајде да зборуваме за тоа”

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.