Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Унгарија состави листа на безбедни земји на потекло

Унгарија состави листа на безбедни земји на потекло

Будимпешта, 22.јули 2015 (ИНПРЕС) – Унгарската Влада состави листа на безбедни земји на потекло и сигурни трети земји, на кои се наоѓаат земји од Западен Балкан од кои пристигнуваат најголем број илегални имиганти, се наведува во декрет што синоќа е објавен во унгарскиот службен весник „Маѓар Козлони“.

Листата на безбедни земји ги опфаќа сите членки на ЕУ и четири држави кандидати за членство во Унијата, односно Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Петтата држава кандидат за ЕУ, Турција, не се наоѓа на листата.

На листата од друга страна, се членките на Европскиот економски простор, американски сојузни држави во кои не се спроведува смртната казна, Швајцарија, БиХ, Косово, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Сигурни земји на потекло, според декретот, се сметаат земји во кои нема ниту војни ниту прогонство, додека сигурни трети земји се оние во кои барателите на азил веќе стигнале и можат да се пријават за статус бегалци.(Крај)

извор:Плусинфо фото:архива

Post navigation

Previous Жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата во Дијарбекир
Next Мостар најтопол град во Европа со измерени 42 степени Целзиусови

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.