Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утревечер Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Утревечер Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

1 min read

Охрид, 26. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи јубилејниот петти по ред Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“.

– И овојпат подготвивме репертоар што ќе биде едно уникатно доживување за публиката, со промоција на нашата и светската хорска традиција. Ќе настапиме со композициите Ubi caritas – Maurice Duruflé, Море сокол пие за која јас го направив аранжманот, а солисти ќе бидат Драга Ставреска, Јасна Чепуњоска, Мирјана Мартиноска и Виолета Цветковска , следи една традиционалната кeниска песна Wana Baraka – арр. Shawn Kirchner, на која на удиралки ќе не придружува Боби Дамчевски и Kiss from a Rose – арр. Stefan Wyatt со пијано придружба на Гоце Гавриловски, вели за Супер радио и InPress диригентот на „Вокс Лихнидос“, Бурим Хидри.

Покрај домаќините, ќе гостуваат два ансамбли од Србија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда и женскиот, мешаниот хор и детската вокална група „Бачки певачи“ од Врбас, потоа Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола и женскиот хорски ансамбл од Феризај, Косово.

Почетокот на фестивалот е во 20:00 часот, влезот ќе биде слободен, а концертот ќе биде пренесуван и преку live stream.

Со ова хорот Vox Lychnidos ќе заокружи уште една успешна хорска сезона, со бројни настапи низ Македонија, меѓу кои и учеството на како учеството на на јубилејното 50-то издание на хорскиот фестивал со меѓународен карактер „ ТЕХО 2023”, но и надвор, од кои ги издвојуваат оние во Кикинда и Нови Сад во Србија во октомви минатата година.

Во октомври планираат да учествуваат на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови, а во ноември на фестивал во Темишвар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се подготвува уште едно одлично, 30-то по ред издание на фестивалот „Охрид- фест-Охридски трубадури“
Next Од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ информираат за измената на конкурсните рокови за запишување ученици во второ пријавување

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.