Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Скопје, 1. април 2024 (ИНПРЕС) – Политичките партии и коалициите до утре на полноќ треба да ги достават пратеничките листи за парламентарните избори.
Викендов промоции на листите за пратеници одржаа СДСМ и коалицијата за европска иднина, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
Кампањата за претседателските избори пак почнува во четврток и ќе трае до 22 април на полноќ. Првиот круг ќе се одржи на 24-ти април, додека вториот на 8-ми мај, кога ќе се одржат и парламентарните избори.
Политичките партии кои учествуваат на изборите, во среда ќе потпишат декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза. Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии.
Потпишувањето на декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
