Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре истекува рокот за поднесување на пратеничките изборни листи до ДИК

Утре истекува рокот за поднесување на пратеничките изборни листи до ДИК

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 1. април 2024 (ИНПРЕС) – Политичките партии и коалициите до утре на полноќ треба да ги достават пратеничките листи за парламентарните избори.

Викендов промоции на листите за пратеници одржаа СДСМ и коалицијата за европска иднина, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Кампањата за претседателските избори пак почнува во четврток и ќе трае до 22 април на полноќ. Првиот круг ќе се одржи на 24-ти април, додека вториот на 8-ми мај, кога ќе се одржат и парламентарните избори.

Политичките партии кои учествуваат на изборите, во среда ќе потпишат декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза. Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии.
Потпишувањето на декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во јуни пријавување за упис во прва година, во охридските средни училишта има место за 851 полуматурант
Next Претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев во петок повторно пред охриѓани

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.