Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Утре отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

1 min read
Утре отворен ден за програмата „Полетарче“ на Црвен крст Охрид

Охрид, 7. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во Црвен крст Охрид во тек се уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“ за деца на возраст од 3-5 години.

Утре во просториите на организацијата во периодот од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи отворен ден, каде ќе можат да се добијат детални информации за оваа програма.

– Преку истата, деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно, информираат од Црвен крст Охрид.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046/261-909 или 072/246-175, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Пролетниот циклус од програмата трае 3 месеци со изведување на вкупно 12 часови, по еден час седмично, во траење од 45 минути. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Апликацијата TrashPinger за детекција на отпад и пријавување диви депонии достапна на Play Store
Next ИЈЗ: Минатата недела пријавени 3 036 случаи на грип, во Охрид регистрирани 156 заболени

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.