Охрид, 31. март 2023 (ИНПРЕС) – Утре, по повод Денот на шегата на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи „Првоаприлски хепенинг под маски“, во организација на Општина Охрид.
На настанот со свои музички и танцови точки ќе настапат дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите Основни училишта од територијата на Општина Охрид.
Програмата ќе започне во 11:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива