Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 24. степени.
– Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Врнежите денес ќе бидат пообилни во источните, а утре во северните делови. Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес







