Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хашим Тачи фаворит за претседател на Косово

Хашим Тачи фаворит за претседател на Косово

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Приштина, 25.јули 2015 (ИНПРЕС) – Најголемиот број граѓани на Косово на претседателските избори би гласале за челникот на Демократската партија на Косово и поранешен премиер, Хашим Тачи кој сега е министер за надворешни работи, покажува истражувањето на Демократскиот институт на Косово.

Истражувањето на јавното мнение на Косово, спроведено во периодот од 26-ти јуни до 7-ми јули, покажува дека речиси третина, односно 29,6 отсто од косовските гласачи би го избрале за шеф на државата Хашим Тачи. На второ место е поранешниот лидер на движењето Самоопределување, Албин Курти, кој доколку изборите би се одржале сега би освоил 17,1 отсто од гласовите, додека трет е челникот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, за кого би гласеле 10,6 отсто од избирачите.

Свој фаворите за претседател на Косово немаат 9,8 отсто од испитаниците, додека 6,9 отсто би сакале претседател да стане некој кој не е присутен на тамошната политичка сцена. Актуелната косовска претседателка Атифете Јахјага, според резултатите од споменатата анкета, би ја поддржале малкумина, само 2 отсто.

На прашањето за начинот на изборот на претседател, 89,7 отсто испитаници рекле дека би било најдобро шефот на државата да биде избиран непосредно на гласање, а не како досега да го гласа парламентот. За сегашната практика на избор на претседателот се изјасниле 10,3 отсто.

Доколку претседателот биде избиран со директно гласање на избирачите, 84,8 отсто од испитаниците рекле дека ќе излезат на гласање, а 10,9 отсто не знае дали би гласале, додека 4,3 проценти не би гласеле.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Загреб и испрати на ЕК детали за аферата „арбитража“
Next Еуростат: Бугарија со најнизок државен долг спрема БДП

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце
1 min read

Здравје: Четири „нискокалорични“ намирници што според диететичарите се лоши за вашето срце

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.