Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „ХВА Ранг ИТФ“ најтрофеен клуб на Државното првенство во традиционално таеквон-до ИТФ

„ХВА Ранг ИТФ“ најтрофеен клуб на Државното првенство во традиционално таеквон-до ИТФ

1 min read
„ХВА Ранг ИТФ“ најтрофеен клуб на Државното првенство во традиционално таеквон-до ИТФ

Охрид, 18. март 2026 (ИНПРЕС) – Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во традиционално таеквон-до ИТФ што се одржа во Охрид.

Учествуваа 88 натпреварувачи од повеќе клубови од целата држава, кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби.

Според освоените медали, најдобар клуб на првенството беше таеквон-до клубот „ХВА Ранг ИТФ“ од Лескоец со освоени 21 златен, 16 сребрени и 18 бронзени медали, како и 6 пехари за најдобри поединци.

На второто место се најде таеквон-до ИТФ клубот „Сонкал“ Мислешево – Струга, со освоени 6 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали, како и два пехари за најдобри поединци. Третото место му припадна на таеквон-до клубот „Мастер“ Охрид, со освоени 2 златни, 3 сребрени и 6 бронзени медали, како и еден пехар за најдобар поединец. На четвртото место се пласира клубот „Ге Бек“ Ресен, со освоени 1 златен, 3 сребрени и 10 бронзени медали, петтото место му припадна на „Чонџи“ Косел – Охрид, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени медали, додека на шестото „Ахилиус“ Скопје, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали.

За најдобри поединци во своите старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари, беа прогласени:

  • најдобро девојче 8- 9 години -Дариа Митреска, со освоени 2 златни медали
  • најдобро дете 8- 9 години- Јаков Гагалески, со освоени 2 златни медали
  • најдобра кадетка 10- 11 години- Емилија Трајчевска, со освоени 2 златни медали
  • најдобар кадет 10- 11 години- Теодор Ѓорески, со освоени 2 златни медали
  • најдобра кадетка 12- 13 години- Христина Стојкоска, со освоени 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен медал
  • најдобар кадет 12- 14 години- Даријан Китаноски, со освоени 1 златен и 1 сребрен медал
  • најдобра јуниорка 14- 16 години- Миа Танеска, со освоени 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал
  • најдобар јуниор 14- 16 години- Михаил Крстаноски, со освоени 2 златни и 1 сребрен медал
  • најдобра младинка 16- 21 година- Анастасија Чулческа и Теодора Тодороска, со освоени по 1 златен и по 2 сребрени медали
  • најдобар младинец 16- 21 година- Давид Крстески и Владимир Димитриевиќ, со освоени по 1 златен и по 1 сребрен медал

Од МТТФ како организатори на првенството велат дека помина во одлична атмосфера, со голема поддршка од тренерите, клубовите и љубителите на традиционалното таеквон-до. Државното првенство претставува значаен настан за развојот на таеквон-до спортот во Македонија и важна можност за младите спортисти да стекнат натпреварувачко искуство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: МТТФ

Post navigation

Previous Да се комплетира заштитната ограда на патеката Канео – Плаошник – Лабино (Фото)
Next Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Република Македонија

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.