Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јанкулоски: Противпожарен пловен објект и натаму болна точка за Охрид, да се набави што поскоро

Јанкулоски: Противпожарен пловен објект и натаму болна точка за Охрид, да се набави што поскоро


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 20. мај 2024 (ИНПРЕС) – Справувањето со евентуална огнена стихија на потегот кон Св. Наум и во стариот дел на градот и понатаму е болна точка за Охрид како туристички град, особено во текот на летните месеци.

На ова поле засега нема ништо ново, а е важен сегмент во целокупното работење на охридската Територијална противпожарна единица. Командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски вели дека набавка на пловен објект можеби е од најголема итност.

– Знаеме дека Охрид не ист во текот на сезона и вон сезона. Имаме голем проблем особено потегот кон Св. Наум во одредени интервали од денот имаме отежнат, речиси никакаков пристап во случај на пожари и сообраќајни незгоди што се случуваат. Пловниот објект можеби е од најголема итност, првенствено и за безбедноста на граѓаните и туристите. Би требало да се изработи некој проект, надлежните малку повеќе да се ангажираат на тоа поле со цел да успееме во нашите намери, рече Јанкулоски.

За да не се доведеме во ситуација да се случат насакани настани, па дури потоа да почне посериозно да се размислува на оваа тема, надлежните посериозно да ја разгледаат потребата од набавка на вакво пловило за Охрид како сериозна туристичка дестинација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Факти за пожарникарството во Охрид
Next Во Велестово ќе се одбележи Денот на биолошката разновидност

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.