Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Јосифоски: Oчекуваме од 250 до 300 учесници на „Охрид Опен 2026“, теквондото моментално е број еден спорт во Република Македонија

Јосифоски: Oчекуваме од 250 до 300 учесници на „Охрид Опен 2026“, теквондото моментално е број еден спорт во Република Македонија

1 min read
Јосифоски: Oчекуваме од 250 до 300 учесници на „Охрид Опен 2026“, теквондото моментално е број еден спорт во Република Македонија

Охрид, 26. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Финишираат подготовките за шестото издание на Меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“ во олимписко таеквондо, а второ во официјалната прва македонска таеквондо лига.

Ќе се одржи на 7-ми март, а се очекуваат од 250 до 300 натпреварувачи. Околу текот на подготовките, интересот за турнирот и идните планови за учества на домашни и меѓународни натпревари, разговараме со Аце Јосифоски, тренер во клубот „Хва Ранг Фист“ и член на Собранието на Македонската таеквондо федерација. Токму на последното Годишно собрание Јосифоски доби признане за долгогодишно работење во федерацијата и за животно дело во областа на таеквондото.

Супер радио: Шесто издание на Меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“ во олимписко таеквондо. До каде се подготовките?

Јосифоски: Шестото издание на Меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“ во олимписко таеквондо е второ во официјалната прва македонска теквондо лига. Тоа е еден нов проект со министерството за спорт што веќе постепено го прифаќаат и другите индивидуални спортови. Кратко, разлика меѓу лига и државно првенство. Државен шампион може да стане натпреварувач кој не учествувал на ниеден друг натпревар освен на државното, а во лига системот за еден натпреварувач да стане државен шампион мора да ги победи сите турнири што ги има во една година официјални во лигата како би стенал државен шампион во својата категорија. Што значи целта на теквондо или воопшто на која било лига во индивидуалните спортови би била калење на спортстите и креирање на врвни натпреварувачи во конкретниот спорт. „Охрид Опен 2026“ неслучајно е ставен прв во годинашната сезона во лигата, бидејќи условите што градот Охрид ги нуди за овој спорт (салата, климатските услови) затоа три пати годишно правиме подготовки на репрезентација. Подготовките се при крај, 90% е веќе средено, очекуваме само пријава уште на пет судии од Србија од Охрид имаме четворица судии, еден меѓународен Стефан Јосифоски и тројца државни судии – Татјана Маркоска, Елена Симоноска и со најголем стаж Ангела Ѓорѓиеска, која е меѓу првите судуии во Република Македонија, скоро 11 години. Пријавувањето е во тек, тоа оди електронски, трае до 5 март, ждрепката е на 6 март.

Супер радио: Колку натпреварувачи се пријавени, од каде и во кои сé дисциплини и категории ќе се натпреваруваат?

Јосифоски: Категориите се во 4 старосни групи, тоа ни се пионери или ние ги викаме Деца 1 и Деца 2, тоа се од 6 до 10 години, потоа ни доаѓаат кадетите, па јуниорите и на крај сениорите, тоа се 4 старосни групи и бодувањето во Лигата е според тие старосни групи, значи секоја старосна група има свое посебно бодување за прво, второ и трето место. На крај на година сите тие бодови се собираат и се добива ранг листата во Македонската теквондо федерација, односно во Министерството за спорт. Мора да знаеме дека ова е пилот проект и доказ дека ние Лигата ја спроведуваме точно како што треба е тоа што веќе неколку федерации имаат кај нас испратено луѓе, како се работи тој систем, како да го одработат, кај нив. Државно првенство може да направите со 10, 15, 20 натпреварувачи, воопшто не е важен бројот на натпреварувачи, меѓутоа Лига систем не може да направите со 20 натпреварувачи. Затоа, во Македонија турнирите претежно од Лига системот се од 200 до 350 натпреварувачи, со тоа што во соработка со Министерството за спорт ние дозволивме да има на самиот Лига систем турнир и гости од страна, бидејќи тогаш квалитетот на нашите борци е многу поразличен. Ако еден наш борец шест турнири со ред го освојува првото место, тоа значи дека не само кај нас што е најдобар, туку и меѓу околината или тие што се пријавуваат. Како што кажав, пријавувањето е до 5-ти март, очекуваме од 250 до 300 натпреварувачи, за жал, оваа година имаме добри натпреварувачи кои доаѓаат од Црна Гора и Албанија. Кога ќе речам добри, мислам добри во споредба со нашите борци,  нашите категории, баш таму каде што ние имаме добри дечки, тие носат нивни. Меѓутоа, оваа година во Албанија во исто време во Скадар има натпревар и во Љубљана има Г1 турнир, односно турнир каде се собираат бодови за олимписка норма. Црногорците имаат двајца нивни добри натпреварувачи што одат таму, така да можеби ќе дојдат, но со помала екипа.

Супер радио: Дали низ годините се зголемува интересот за учество, дали годинава има натпреварува што за првпат доаѓаат на турнирот?

Јосифоски: Да, да. Претходните години пред да почне Лига системот, натпреварувањето беше од типот кој сака да учествува. Значи, секој дете кое изразуваше желба да учествува на турнирот можеше слободно, тоа само се одлучило. Од кога почна Лига системот,  повторно може да се пријави дете, меѓутоа тренерот е тој што кажува дали тоа дете ќе оди на натпревар или не, затоа што Лига системот е исклучиво направен за спортисти, значи, за деца и натпреварувачи кои ќе учествуваат на натпревари, ќе придонесат. Таеквондото во овој момент е број еден спорт во Република Македонија и по освоени медали и по успеси на меѓународно ниво и по тоа што после 20 години, благодарение на оваа политика што ние ја водиме донесовме медал од Олимписки игри. Сега работиме двајца натпреворувачи, Дејан Георгиевски и Мила Релиќ, кои се со 98% шанси да ја освојат нормата и последното Гран при и да учествуваат на Олимписките игри, што би било големо достигнување. Ако стигне до Олимписки игри, еден медал сигурно освојуваме. Знеаме дека Мила Релиќ пред три години, во Париз ја победи двократната олимписка шампионка во прво коло. Тоа е незамисливо. Британскиот селектор кога излегувал од борилиштето прашал, каде е Македонија, тие биле изненадени затоа што Мила Релиќ влезе со вајлд карта, тоа е она што ние спортистите го викаме живо месо. Вајлд картата е е да му најдеме на добриот противник што е фаворит, да му најдеме топовско месо, чисто да гопомена првото коло. Меѓутоа, тоа топовско месо, таму нив ги изненади. Релиќ во продолжението, во борбата за медал, изгуби за еден поен. Во овој момент имаме тројца, меѓутоа, двајца со големи реални шанси да влезат на Олимпијадата, сениори Мила Релиќ и Дејан Георгиевски, а останатите веќе собираат. Филип Блажевски од Бутел од Скопје, на последното Европско првенство освои трето место, со три победи. Конкуренцијата е огромна и заради тоа сакаме да почнеме од Охрид да биде отскочна скала за сите за да можеме да ја реализираме како што треба оваа година. Годинава имаме пет турнири. Првиот е во Охрид, вториот е „Скопје Опен“, тоа е отворен Г1 турнир, значи, имаме чест нашата држава да организира таков турнир трета година по ред, каде се освојува норма за Олимписки игри. Потоа ни е, во Скопје имаме уште еден турнир, тоа е вториот од Лига Системот, потоа во октомври и пред Нова година уште еден, исто во Скопје. Некои велат турнирите се повеќе во Скопје, помалку во Охрид. Во овој момент проблем е што немаат сите услови за да го организираат турнирот. Значи, претежно се бара каде можеме да направиме добар турнир, да има услови, да има сала, да има простор, да има помошна сала за загревање. Значи, тие се услови што мора да ги имаат децата, затоа што 200 деца на едно место е гужва и мора да биде организирано. Ланската година се обидовме во Штип, супер помина турнирот, но во сала што не ги исполнува условите, со еден влез и без помошна просторија за загревање. Второ, електрониката, во олимпиското таеквондо цело бодување е врз основа на електроника. Значи, секој контакт со тело, со гради, со глава е електронски заведено, со сензори и сето тоа си има свое влијание. Токму затоа одредени услови мора да бидат испочитувани за да може турнирот да се одржи, особено кога се работи за Лига систем. Охрид за тоа е идеален, ја имаме спортската сала благодарение на Општина Охрид, јас сум 37 години со таеквондо, ова ми е 11-ти натпревар што го организирам, до денес сум немал никаков проблем со Општина Охрид во основа на организациони подготовки за ваков натпревар, салата била секогаш достапна и секогаш во топ форма. Токму вчера, на состанокот на Собранието на федерацијата беше најавено дека „Охрид Опен“ како турнир во Лига системот ќе биде еден од постојаните турнири.

Супер радио: Вашиот клуб и членовите имаат бројни успеси зад себе, бројни медали, потоа Балкански шампион во категоријата јуниори +78 килограми како и меѓународен судија по таеквондо.

Јосифоски: Да, Стефан Јосифоски – меѓународен судија по теквондо, вчера исто беше пофален како најдобар судија во лига системот, а и надвор во околината пофалуван од сите федерации во нашиот регион каде што учествува на судење, беше избран за делегат во Собранието, од судиското тело на федерацијата. Ненад Целески стана  Балкански шампион во категоријата јуниори +78 килограми, тој е веќе стипендист на министерството за спорт, јуниор сѐ уште и од идната година почнуваме со подготовки и учество на Г1 турнири за достигнување норма за следните Олимписки игри. За Париз е премногу рано, затоа што сите поени што ги освои лани и годинава што ќе ги освојува, ние ќе одиме сепак, меѓутоа за идната година пред почетокот се преполовуваат на 30%, бидејќи е јуниор, што значи шансите се никакви. И на сите турнири да учествуваме во светот што се Г1 норма не можеме да освоиме, но ќе освојуваме турнири со цел да се стекне искуство за кога ќе дојди време. Тој е еден од надежите не само на клубот, туку и на федерацијата за учество на едни Олимписки игри, можеби и замена на Дејан Георгиевски за освојување на некој медал на Олимписките игри.

Супер радио: Што е она што треба да го очекуваме до вас во текот на оваа година?

Јосифоски: Стандардно тие пет турнири што ни се од Лигата се веќе зацртани во програмската шема за годинава на клубот, меѓутоа тука да споменеме дека имаме уште седум Г1, Е1 и Е6, турнири, односно турнири каде се освојуваат поени за олимписка норма. Да споменам, Г8 е Олимписки игри, а Г1 е најслабиот турнир каде се земаат и најмалку поени, Г5 е Гран При, победникот е сигурен учесник на Олимпијада. Токму за Париз и Мила и Дејан баш на тој Гран При ги изгубија шансите за учество и после тоа Мила доби вајлд карта. Покрај тоа имаме турнири во Црна Гора, Албанија и Грција каде мора да одиме. Турнирите не ги одбираме според местото на одржување, туку според учесниците. Па, така во Бугарија, Србија, Косово има борци што ги среќаваме на секој турнир, но во Црна Гора и Албанија доаѓаат борци од Турција, Италија, Босна и Херцеговина…(Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Утре акција за собирање текстилен отпад
Next Нивото на Охридското Езеро за една недела се покачи за 9 сантиметри

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.