ЈП „Водовод“: Во прекин е водоснабдувањето во Пештани, екипите ќе работат до целосно завршување со санацијата
October 6, 2024

Охрид, 6. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 18:30 часот е во прекин водоснабдувањетo во селото Пештани.

– Екипите се на терен и ќе работат и во текот на ноќта, до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес