Велес, 21. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Ќе се промени начинот на финасирање на програмските активности на театрите во Македонија, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Театарите во земјава по примерот на фестивалите, првпат, однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми, а потоа на крајот на годината министерство за култура и туризам со нивните тимови ќе вршат евалуација на проектите кои се изработени, колку карти се продадени, на колку фестивали бил театарот, колку успеси има постигнато, што направиле со средствата во дадената институција, рече Љутков при посетата на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
– На тој начин и самите менаџери на институциите, во случајот директорот на Велешки театар и останатите директори ќе носат многу поголема одговорност, кон програмата. Дали ќе се формираат како уметнички Совет, дали ќе има уметнички директор или ќе има креативен тим кој ќе ги изработува програмите во наредната година, тоа ќе биде слободен избор на самата институција, појасни министерот Љутков, додавајќи дека тие како министерство за култура и туризам ќе го следат овој процес и во однос на тоа како е завршена работата и таков ќе им биде буџетот за наредната 2026 година.
Најави дека резултатите од конкурсот за Годишната програма за култура ќе се знаат на крајот на јануари. (Крај)
извор: Frontline фото: архива







