Скопје, 16. јули 2015 (ИНПРЕС) – Радувај се Македонијаи Балкан, доаѓа Исламски калифат. Видео со ваква порака се појави, па набрзо беше избришано од сервисот YouTube, пренесуваат македонските медиуми.
И покрај тоа што на интернет беше поставено само неколку часа, успеа да внесе страв меѓу оние кои го гледаа. Исламистите со традиционална религиозна песна, наречена “касида”, порачаа дека Македонија, но и другите балкански земји ќе бидат идна цел на џихадистите, кои тука ќе поставеле нивен калифат.
На видеото во еден глас мажи пеат “Радувајте се Балканци, доаѓаат подобри денови, ние сме исламски калифат”.
Ова не е прв пат џихадистите да се закануваат на Балканските земји. Познавачите велат дека тоа се прави за да се внесе страв меѓу земјите. Разузнавачките служби во регионот, но и низ цела Европа го имаат зголемено степенот на будност, посебно по нападите во Франција. Аналитичарите кои ги познаваат состојбите на Балканот предупредија дека веќе постојат 3 џихадистички келии во овој регион. 2 биле управувани од Босанци, а една од Албанци. (Крај)
извор: Алфа ТВ фото: архива
