Охрид, 17. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Охридските боксери Наум и Христијан Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“ освоија бронзени медали на Балканско првенство што се одржува во Босна и Херцеговина.
Во пресрет на првенството тие беа на подготовки во Златибор, Србија, што им помогна за подобрување на формата.
Покрај браќата Стојаноски дел од македонската репрезентација е и охриѓанецот Петар Трајчески, кој се натпреварува денес во финалето во категорија јуниори против Павле Поповиќ од Србија.
Балканското првенство ќе трае до недела. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива