Охрид, 3. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“
во текот на овој месец ќе бидат организирани низа настани посветени на најмладите.
Утре од 10:00 часот во ООУ„Св. Наум Охридски“ во Пештани ќе биде промовирана книгата „Девојчето Ена и волшебната четка“, од д-р Кристина С. Алоска. Промотор ќе биде Валентина Рубаноска.
Во четврток, 5-ти јуни, во 13:00 часот во Музејот на вода ќе се одржи промоција на книгата „Во домот на пастрмката“ од Александра Велинова, како и едукативен час по повод Меѓународниот ден на животната средина.
На 13-ти јуни во 18:00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена детска театарска претстава „Пинокио“ на Балада продукција. На 20-ти јуни на истата сцена и од истиот термин ќе биде изведена детска театарска претстава „Во царството на другарството“ на театар Хит Комедија.
Јунската програма ќе биде заокружена со детскиот музички фестивал „Поточиња“ на 27-ми со почеток во 19.30 часот на сцената Долни Сарај. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
