Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вечерва самостојна изложба „Нурни во мене“ на охридскиот уметник Сашо Блажес

Вечерва самостојна изложба „Нурни во мене“ на охридскиот уметник Сашо Блажес

1 min read
Вечерва самостојна изложба „Нурни во мене“ на охридскиот уметник Сашо Блажес

Охрид, 1. август 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во Галеријата Робевци ќе биде отворена самостојната изложба насловена „Нурни во мене“ на познатиот охридски уметник Сашо Блажес.

После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба што дел беше претставена во Музеј на град Скопје.

Изложбата „Нурни во мене“ е поделена на три дела: четириаголници, дела на церада и метален волумен. Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија.
Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија. Неговиот интерес во уметноста е насочен кон графиката и сликарството, фотографијата, музиката и кураторството. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон, пријавени се 62 учесници
Next Утре ќе се одржи 11. издание на „Илинденска вечер во Елшани“

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.