Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре ќе се одржи 11. издание на „Илинденска вечер во Елшани“

Утре ќе се одржи 11. издание на „Илинденска вечер во Елшани“

1 min read
Утре ќе се одржи 11. издание на „Илинденска вечер во Елшани“

Охрид, 1. август 2025 (ИНПРЕС) – Утре, на големиот празник Илинден, во селото Елшани, ќе се одржи 11-тото издание на културната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“.

– Настанот, кој во изминатата деценија прерасна во симбол на заедништво, традиција и празничен дух, и оваа година нуди програма што го спојува културното наследство со современиот музички израз. Со почеток од 21:00 часот, посетителите ќе можат да уживаат во фолклорни изведби што ќе ги доловат корените на македонската народна песна и оро, особено од охридскиот регион. Од 22:00 часот, атмосферата ќе ја оживеат популарните Туше и Татијана Стефаноска, кои ќе настапат со нивни авторски композиции и омилени македонски народни песни, потенцираат организаторите.

Велат манифестацијата има за цел „да го позиционира Елшани на културната и туристичката мапа на Охрид и пошироко, претставувајќи го како современа, но автентична дестинација за одмор, блиска до градот, а богата со дух и традиција“.

– Името „Илинденска вечер“ не е случајно, настанот го спојува историскиот контекст на двата Илиндена (1903 и 1944), со духовната димензија на празникот посветен на Свети пророк Илија – заштитникот на селото. Настанот е отворен за сите: млади и постари, локални жители и гости, љубители на културата, традицијата и добрата музика, потенцираат од организациониот одбор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва самостојна изложба „Нурни во мене“ на охридскиот уметник Сашо Блажес
Next Прекин во водоснабдувањето на неколку охридски улици

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.