Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Охрид годинава има 433 првачиња – трендот на намалување на бројот го има и понатаму

Во Охрид годинава има 433 првачиња – трендот на намалување на бројот го има и понатаму

Во Охрид годинава има 433 првачиња – трендот на намалување на бројот го има и понатаму

Охрид, 2. септември 2025 (ИНПРЕС) – Во новата учебна година во Охрид првпат во училишните клупи седнаа 433 ученици, односно три помалку во однос на лани, а вкупниот број на основци е 4 342.

„Белата чума“ веќе подолг период наназад го прави своето и за жал секоја година во Охрид, но и целата држава имаме сѐ помалку деца во училишните клупи. Па, така во учебната 2023/2024 биле запишани 456 првачиња, бројка за 83 помала во однос на 2022/2023 година кога во Охрид образованието го започнаа 539 првачиња.

Само убави спомени останаа сеќавањата на паралелки со по 33 или повеќе ученици, а градските советници скоро секоја година ги гласаат одлуките за формирање паралелки со помал број ученици од дозволениот минимум. Така беше и годинава, на седница во втората половина на месец јули беше дадена согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта во Општина Охрид, како и за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Кога сме кај средните училишта, во трите општински средношколски центри наставата започна за 1 761, додека во РЦСОО „Ванчо Питошески“ за 241 ученик. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид поднесена една независна кандидатура за градоначалник и четири за советници, во Дебрца по една за градоначалник и совет
Next Дипломи за филмовите на охриѓаните Љупчо Паункоски и Томе Љушев на фестивал во Бирмингем

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.