Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Охрид поднесена една независна кандидатура за градоначалник и четири за советници, во Дебрца по една за градоначалник и совет

Во Охрид поднесена една независна кандидатура за градоначалник и четири за советници, во Дебрца по една за градоначалник и совет

1 min read
Во Охрид поднесена една независна кандидатура за градоначалник и четири за советници, во Дебрца по една за градоначалник и совет

Охрид, 2. септември 2025 (ИНПРЕС) – Истече рокот предвиден за пријавување на независни кандидати за градоначалник и советници на престојните локални избори.

Од подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Охрид за Супер радио и InPress информираат дека за Охрид поднесени се една кандидатура за градоначалник и четири за советнички листи, додека за Општина Дебрца има по еден поднесок за градоначалник и совет.
Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до соодветната Општинска изборна комисија (ОИК), најдоцна на 13-ти септември, до 24:00 часот, односно 35 дена пред денот на одржување на изборите.

ОИК / ИКГС по потврдување, листите на кандидат/и ги доставува до ДИК заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидат/и согласно член 68 ставовите (1) и (2) од Изборниот законик, веднаш по потврдувањето на листите односно најдоцна на 20-ти септември.

Инаку во тек е увидот во Избирачкиот список, што ќе трае до 11-ти септември на полноќ, а заклучениот список ќе биде потпишан од Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 3-ти октомври.

Граѓаните ќе имаат можност да ги проверат своите податоци и да поднесат барање за запишување, дополнување или нивно бришење. Барањата се поднесуваат писмено до подрачните одделенија или месните канцеларии на ДИК, како и по електронска пошта. Со барањето, задолжително треба да се приложат и потребните докази. Можност за увид во списокот имаат и лицата во притвор и затвор, кои своите барања ги поднесуваат преку надлежниот орган за извршување на санкциите до ДИК. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во Струга поднесени три независни кандидатури за градоначалник и една за советничка листа
Next Во Охрид годинава има 433 првачиња – трендот на намалување на бројот го има и понатаму

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.