Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Друштвото за истражување и развој „Сефиданис” доби официјален Сертификат од Стопанската комора на Македонија

Друштвото за истражување и развој „Сефиданис” доби официјален Сертификат од Стопанската комора на Македонија

1 min read
Друштвото за истражување и развој „Сефиданис” доби официјален Сертификат од Стопанската комора на Македонија

Охрид, 12. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Друштвото за истражување и развој „Сефиданис” од Охрид доби официјален Сертификат од Стопанската комора на Македонија.

Ова значи потврда на регистрацијата на компанијата за истражување и развој, нејзините потенцијали за надворешна трговија, и најважно, статусот на единствен производител на хуманоиден робот, паметен споменик и телемедицински уред.

– Ова признание од Комората е значајна потврда за нашите капацитети да произведуваме хуманоидни роботи, паметни споменици и телемедицински уреди базирани на вештачка интелигенција. Тоа ги поедноставува извозните процедури, ја прецизира царинската класификација и отвора нови можности за меѓународни партнерства. Ова е важно за полесен извоз: Тарифните броеви и сертификатот го олеснуваат преминот на производите преку царина; сигнал за иновации: Комората потврдува дека „Сефиданис” е единствен производител за овие категории на висока технологија и општествена корист: производните линии поддржуваат образование и едукација, конзервација на културното наследство и промоција на туризмот, како и пристапно здравство за сите. Од Охрид, преку Н99, до светот, докажуваме дека големи работи се прават и дома. Да не чекаме совршени услови, да ги создадеме заедно, велат од друштвото „Сефиданис“.

Основач на Друштвото за истражување и развој „Сефиданис” од Охрид е проф. д-р Анис Сефиданис, професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Тој е креатор на три аватари што комбинираат хардвер и софтвер и кои припаѓаат на полето на дигиталната хуманост. Првиот е паметниот споменик на Григор Прличев кој комбинираше холографија и вештачка интелигенција, потоа Споменикот на иднината претставен по повод празникот Св. Кирил и Методиј, како и хуманиодниот робот, кој ќе работи како првиот Dj во светот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Совет на Општина Охрид: Верификуван мандат на нов советник, формирани општинските комисии
Next Охридскиот боксер Наум Стојаноски викендов учествува на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.